Friday ,03 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Игор Карачиќ: Да покажеме дека Вардар е зрела екипа, која и понатаму има високи амбиции
Игор Карачиќ: Да покажеме дека Вардар е зрела екипа, која и понатаму има високи амбиции

Игор Карачиќ: Да покажеме дека Вардар е зрела екипа, која и понатаму има високи амбиции

Вардар ги одработи подготовките во Крањска Гора, од каде се упати во Германија каде игра контролни натпревари. Во пресрет на новата сезона, средниот бек на Вардар во изјава за СЕХА ги споделува очекувања, амбициите на екипата и зацртаната цел, а тоа е одбрана на трофеите кои беа освоени минатата сезона. Првиот чекор е секако трофејот кој недостасува во витрините, оној од неофицијалното светско клупско првеснтво во Катар.

-Се одморивме добро по напорната сезона. Одиме чекор по чекор, сега имаме еден голем турнир во Катар кој мора да го одработиме и имаме за цел да го освоиме. Да покажеме дека изминатиов период не беше случаен, туку дека Вардар е зрела екипа, која и понатаму има амбиции. Сигурно дека ќе бид потешко да ги одбраниме сите четири трофеи, отколку за да ги освоиме. Едноставно мора да дадеме се од себе, мислам дека имаме широк ростер на играчи  за да ги одбраниме трофеите. Само да не ни се повтори Фленсбург, денес сме шампиони, утре не нема никаде. Почнавме силно на подготовките, само така да продолжиме, вели Игор Карачиќ.