Во четврток со почеток од 20 часот на арената “Филип втори„ се игра првиот натпревар од плејофот на лига Европа, помеѓу екипите на Вардар и Фенербахче. Се прават последните подготовки за овој меч, кој треба да биде празник на фудбалот во Скопје и Македонија. Од клубот излегоа со соопштение, во истото се вели:
-При купување на билет, задолжително да се покаже документ за лична идентификација. Уште еднаш апелираме и потсетуваме за коректно навивање од трибините. Да се почитуваат правилата и да не се скандира национализам и расизам, и да не се истакнуваат знамиња со забранети симболи. Само така можеме да го заштитиме нашиот клуб од високите казни на УЕФА. Само заеднички можеме да придонесеме за успех на нашиот тим и со собрани сили да дојдеме до она за кое долго сонуваме. Лицата со хендикеп имаат нов влез, а тој е веднаш до службениот влез означен со знаците на фотографијата. Влезот се наоѓа спроти влезот на хотелот „Парк“.