Со денешните три средби се комплетираше првото коло во ПМФЛ. На стартот од шампионатот беа постигнати вкупно осум голови на пет првенствени средби. На денешните дуели, Пелистер и Силекс според очекувањата освоија три бодови, додека пак Академија Пандев може да жали што од Чаир се враќа само со еден бод. Во првото коло од вкупно осумте голови, три беа дело на Бразилци, по еден од тимовите на Силекс, Пелистер и Шкендија.
Во Кратово Силекс победи со 1:0 со голот на новото засилување Маркос де Оливеира Жуниор. Во Скопје оваа сезона настапуваат екс младинците на Вардар, Личина и Димитровски. Пандев за малку не дојде до трите бода на Чаир. Домаќинот во последните минути од мечот се избори за нерешено. Пелистер пак, како гостин ја победи ФК Победа со резултат 1:2. Головите за “желените” ги постигнаа Трифуновски и Лукас, стрелец за Победа беше екс играчот на Вардар, Борче Маневски.
Резултати од првото коло:
РАБОТНИЧКИ – РЕНОВА 0:0
ШКЕНДИЈА – ВАРДАР 2:0 (Алими, Жуниор)
ПОБЕДА – ПЕЛИСТЕР 1:2 ( Победа – Маневски, Пелистер – Трифуновски, Лукас)
ШКУПИ – АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ 1:1 (Демири, – Ак. Пандев Дориев)
СИЛЕКС – СКОПЈЕ 1:0 (Маркос де Оливеира Жуниор)
Табела:
Пелистер 3, Силекс 3, Шкендија 3, Академија Пандев 1, Шкупи 1, Ренова 1, Работнички 1, Вардар 0, Победа 0, Скопје 0.