Итало Хозе Оливеира дос Сантош и официјално е новото засилување на ФК Вардар. Итало ќе тресе за Вардар една година. Итало за клубскиот сајт изјави:
„Многу сум среќен сум што дојдов во Вардар и овој клуб за мене претставува нов предизвик во кариерата. Верувам дека брзо ќе се прилагодам на екипата и со нетрпение чекам да заиграм со моите нови соиграчи. Сега е на мене да почнам да тренирам со мојот нов тим и што побрзо да се подготвам за сезоната и да ги оправдам очекувањата од клубот. Пред да дојдам тука научив дека дека Вардар е најтрофејниот македонски тим и дека е три пати по ред шампион. Се надевам дека и во оваа сезона Вардар ќе успеее да ја одбрани титулата и повторно да биде шампион и да игра во Лигата на шампионите следната сезона. Исто така знам дека екипата игра во плеј-офот во Лигата на Европа против Фенербахче и се надевам дека Вардар ќе излезе како победник и ќе успее да помине во групната фаза“, порача новиот играч на „црвено-црните“.
Итало има 29 години и доаѓа од бразилската лига. Во својата кариера во 2011 година бил блиску до потпис со гигантот Интер, но на крајот до тоа не дошло. Се работи за квалитетен играч кој знае да постигнува голови. Итало ќе биде подготвен за дуелите со Фенер.