Минатата сезона беше најуспешна за екипата на РК Вардар освојувајќи дури четири трофеи. Најголем и најважен беше оној во лигата на шампионите, каде црвено-црните во финалето ја победија екипата на ПСЖ. Претходно во полуфиналето бевме подобри од Барселона. Во пресрет на новата сезона, капитенот Стоилов најави дека оваа сезона ќе биде потешка, но примарна цел е да се стигне до завршниот турнир на најдобрите четири екпи во најголемото натпреварување.
-Оваа година ќе биде уште потешко од минатата, бидејќи ќе играме со притисок на шампиони и ќе треба шампионски да го одиграме секој натпревар. Но, мислам дека тимот е подготвен да ги надмине сите пречки. Целта оваа сезона е поинаква, треба да го одбраниме трофејот, но пред сè сакаме да обезбедиме пласман на завршниот турнир.
Вардар сезоната во лигата на шампионите ја отвара на 17-ти септември, на гостински терен против екипата на Висла Плок.