За десеттина дена треба да стартува новата, вкупно седма сезона во СЕХА-лигата. Трофејот во ова натпреварување го брани екипата на Вардар, која е и најтрофејна во ова натпреварување. Црвено-црните имаат вкупно 3 титули во СЕХА-лигата, 2 се за тимот на Веспрем додека 1 има и екипата на ППД Загреб.
Вардар одбраната на титулата ја стартува на 2-ри септември со дуелот против Металург, кој ќе се одигра во С.Ц. Борис Трајковски, додека првиот домашен натпревар за нив е на 5-ти септември против екипата на Горење од Велење.
Официјалниот сајт на СЕХА по повод почетокот на новата сезона за нашиот ссотав напиша: Наскоро ќе ги видиме шампионите од Лигата на шампионите и ЕХФ Лигата на шампионите. Р.К. Вардар повторно на теренот. Тие ја отвораат сезоната со македонско дерби во Скопје, не можеме да чекаме за да ги видиме назад во акција!
Погледнето го и видеото за нашиот шампион во пресрет на новата сезона.