Чеде Јаневски дебитираше со победа на клупата на Вардар, откако успеа да го добие првиот натпревар од плејофот на лигата на Европа, против екипата на Фенербахче. Попупарниот “Четка“ го замени на тренерската клупа, Гоце Седлоски кој претходно две сезони ги водеше црвено-црните. Јаневски е легенда на Вардар, па неговото доаѓање наиде на позитивни реакции и воодушевување кај Вардаровите навивачи.
Популарните Комити го поздравија неговото доаѓање и му посакаа топло “Добредојде“ !