После подготовките во Словенија и контролките во Германија каде одигравме три дуела црвено-црниот машки ракометен колектив се врати во Скопје. Тука тие ја одработија последната фаза од летните подготовки пред првиот вистински предизвик оваа сезона, неофицијалното светско првенство во Доха, Катар.
Според планот утре екипата заминува за Катар, и првиот ривал во четврт-финалето од Супер Глоуб е тим од Иран, Гашаран. Тој натпревар е закажан за 25 август (петок) истиот ќе се игра со почеток во 14-00 часот. Вардарци се големи фаворити за пласман во полуфиналната пресметка каде по се изгледа ќе играме тежок дуел кој може да се нарече “финале пред финалето“. Според паровите треба да вкрстиме со шпанскиот ракометен гигант најтрофејниот клуб од таа земја Барселона. За очекувањата од овој турнир изјава даде тренерот на црвено-црните Раул Гонзалес, истата може да ја прочитате на нашиот сајт-ТУКА!