Sunday ,24 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Даниел Стефански од Полска ќе го суди мечот со Фенербахче
Даниел Стефански од Полска ќе го суди мечот со Фенербахче

Даниел Стефански од Полска ќе го суди мечот со Фенербахче

Европската куќа на фудбалот, УЕФА ги одреди судиите   за реванш натпреварите од плеј-офот за групната фаза на Лигата на Европа. Во четврток на  стадионот “Шукур Сараџоглу“ во Истанбул каде црвено-црниот фудбалски колектив гостува кај  турскиот гигант Фенербахче главен делитен на правдата ќе биде  полскиот судија Даниел Стефански.

За негови помошници се делегирани  Марцин Бониек и Игор Голис исто така од Полска. Нашиот  Вардар ќе отпатува со сигурна предност од 2-0 во обид да направи историја и да се пласира во групната фаза од Лигата на Европа во оваа сезона.