Вчера во спортскиот центар Кале кој е претворен во база на младите категории на црвено-црните од како сениорите добија нов дом во Јане Сандански се одржа првиот регрутен тренинг за пополнување на пионерските категории на машкиот ракометен клуб Вардар.
Тренерот на сениорскиот тим шпанецот Раул Конзалес и неговиот помошник Давид Дејвис им пренеа дел од своето искуство на овие млади ракометни надежи. На тренгот присуствуваа и Стојан Петрушевски, Зоран Петковски и Горан Стојков кои се тренерите од пониските возрасни категории на Ракометниот клуб Вардар. Вечер во Кале ќе се одржи уште еден тренинг , а утре во 10-00 часот ќе се одигра натпревар .