Избраниците на Раул Гонзалес забележаа нова лесна победа, која е вкупно седма и се зацврстија на врвот на табелата. За краток период одигравме повторно дуел со Струмички Зомимак, и бевме уште еднаш супериорни забележувајќи висок триумф од 40:23. Уште на стартот на мечот направивме серија од погодоци, со која се одлепивме и ја задрживме до крајот на првото полувреме. На пауза се замина со резултат 21:11.
Во вториот дел како на тренинг, црвено-црните само ја зголемуваа предноста за на крајот да достигне позитива од 17 голови. Гонзалес им даде шанса за настап на сите ракометари кои му беа на располагање. Во составот недостасуваа Горбок, Милиќ, и Стоилов. Уште еден младинец доби шанса за докажување на овој дуел. Томи Јагуриновски беше дел од составот за овој натпревар, на кој имаше успешно деби постигнувајќи дури 4 голови.
Најефикасен убедливо беше крилото Дибиров со 9 погодоци. Карачиќ додаде 6, а по 5 погодоци запишаа Чипурин и Терзиќ. Со оваа победа, Вардар е на само чекор до освојување на нов трофеј, како посериозен предизвик останува мечот со Металург, кој ќе се игра во Автокоманда.