Играчите на Вардар Хамбарџумјан и Барсегјан забележаа нови настапи за селекцијата на Ерменија. На вчерашниот натпревар против Данска, Хамбарџумјан се најде во почетниот состав и ги одигра сите 90. минути, додека пак Барсегјан овој пат беше на купата од каде влезе во 58. минута од мечот.
Ерменија забележа нов пораз, Данска на гостински терен победи со резултат 1:4 иако први поведоа ерменците уште во 6. минута.
И двајцата црвено – црни играчи денеска се очекува да пристигнат во Скопје.