Wednesday ,27 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Нов освоен турнир за Вардаровата генер. “2007“, избраниците на Томче Трајановски се победници на “ЛГ Куп 2017“
Нов освоен турнир за Вардаровата генер. “2007“, избраниците на Томче Трајановски се победници на “ЛГ Куп 2017“

Нов освоен турнир за Вардаровата генер. “2007“, избраниците на Томче Трајановски се победници на “ЛГ Куп 2017“

По повод денот на независноста на Македонија, 8-ми септември во Новаци се одржа седмиот традиционален меѓународен турнир во фудбал за деца до 13 години, “ЛГ Куп 2017“ На турнирот учествуваа екипи од Македонија, Србија, Грција и Босна и Херцеговина, кај генерациите родени “2002“, “2004“, “2006“ “2007“ и “2008“ година. Меѓу нив беше и фудбалскиот клуб Вардар од генерација “2007“ кој се натпреваруваше со екипи од повозрасната генерација “2006“ кои успеаа да освојат прво место. Турнирот го организираше ЛГ Битола, под покровителство на општината Новаци.

Оваа генерација на ФК Вардар предводени од искусниот стратег, Томче Трајановски забележаа пет победи од исто толку одиграни натпревари на овој турнир. Во групната фаза беа постигнати следниве резултати:

1 коло: Вардар – Форца  5:0

2 коло: Вардар – Еврофудбал 0:0

3 коло: Вардар – Рис  4:0

21463172_10212311056908950_3534886557714324013_n

Со две победи и еден нерешен резултат избраниците на Трајановски обезбедија полуфинале на силниот меѓународен турнир, каде се сретнаа со екипата на ФК Перек, која ја совладаа минимално со резултат 1:0. Стрелец на единствениот гол вреден финале, беше Петар Мицевски. Во големото финале на турнирот за противник го имавме тимот на ЛГ Битола. Тука победникот и освојувачот на првото место беше познат дури по изведување на удари од белата точка. Подобро се снајдоа младите Вардарци, кои славеа со резултат 3:2. Од белата точка за црвено-црните погодија Александар Грашески, Милош Спасовски и Петар Мицевски. На тој начин оваа надежна генерација на Вардар успеа да стане освојувач на турнирот и тоа натпреварувајќи се во повозрасна генерација.

vardarfans-trofei

На крајот се доделуваа и поединечн и награди. За најдобар играч признание доби токму Петар Мицевски од редовите на Вардар.

vardarfans-micevski

Да напоменеме дека ова е втор освоен турнир за кратко време за оваа генерација на Вардар. Несомнено голем удел во добриге резултати има и тренерот Томче Трајановски, кој по една година повторно се врати да ја тренира генерацијата “2007“ на ФК Вардар, со која во првата година успеа да ја освои детската лига, а минатата сезона направи голем успех и со повозрасната генерација “2003“ со која ја освои регионалната – скопска лига и купот на Македонија. Успесите продолжија и со генерацијата “2007“ во новата сезона, со кои веќе нанижа два трофеи од силните турнири во Македонија. Првиот беше на “Гази Баба куп“ и сега во Битола.

vardarfans-radost