Противникот на Вардар лидерот на табелата во рускиот шампионат, тимот на Зенит утре доаѓа во Македонија – Скопје. Русите утре изутрина се очекува да пристигнат во главниот град и да се запознаат со условите кои ги нуди нашиот стадион на кој ќе се одигра натпреварот во четврток.
Зенит официјалниот и единствен тренинг треба да го има утре вечер на Градски, исто како и нашиот тим. Вообичаено, прес – конференцијата на двете екипи ќе се одржи исто така утре во просториите на Фудбалскиот клуб Вардар.
Натпреварот на овие две екипи ќе се одигра во четврток со почеток во 21;05 часот.