Вардар го доживеа првиот пораз во групната фаза во Лигата на Европа. Вечерва нашиот тим беше комплетно надигран од тимот на Зенит и убедливо поразен. Уште на полувремето Зенит имаше висока предност од 0:3, на крајот конечниот резултат гласеше 0:5 за тимот од Русија.
Вардарци првиот дел го одиграа многу лошо, по само 45. минути црвено – црните губеа со високи 0:3. Уште во 6. минута се тргна наопаку во играта на Вардар. Корнер изведе противникот, топката стигна до Александар Кокорин кој биеше прицизно за водство на тимот на Зенит. За вториот гол не се чекаше многу, во 21. минут Полоз од левата страна нафрли до Кокорин кој уште еднаш биеше прецизно за веќе двојно водство на Зенит. Во 39. минута Зенит дојде и до убедливи 0:3. Уште еднаш противникот ја искористи пропуста во нашата одбрана, овој пат стрелец на голот беше Дзјуба. Вардарци единствената шанса во првиот дел ја имаа преку Барсегјан уште во 8. минута биеше многу млако кон голот на Лунев. Во 44. минута поради повреда од игра излезе Брдаровски а на негово место влезе Глишиќ. Со резултат 0:3 се замина на пауза.
Второто полувреме започна со корна за нашиот тим, по одбиена топка биеше Николов од 30-сетина метри но само во рацете на Лунев. Ова беше првата шанса за Вардар која заврши во рамките од голот на Зенит. Во 50. минута Николов уште еднаш се обиде но за наша несреќа само крај голот на Лунев. Нападите на Вардар зачестија, следен кој се најде во добра шанса беше Барсегјан, кој биеше само покрај голот на Лунев од 15-сетина метри. Во 64. минута во Вардар се изврши и втората замена, на местото на Глигоров во игра влезе Муслиу. Исто така и во тимот на Зенит излезе двојниот стрелец Кокорин а влезе Ригони. Во 66. минута Зенит дојде и до 0:4, стрелец на овој погодок беше Ивановиќ. Во 70. минута во Вардар влезе и Итало на местото на Блажевски. Во 76. минута Барсегјан шутираше од 25 метри, топката отиде над голот на Лунев. Конечните 0:5 на оваа средба ги постави Ригони