Младата вардарова кошаркарска селекција за момчиња до 15 години учествуваше на силен меѓународен турнир во Нови Сад-Србија. Тие одиграа одлично во елиминаците и дојдоа до полуфиналето на “Demsar Cup“ турнирот. По одличната партија и во полуфиналниот меч обезбедија натпревар за “злато“.
Тие во големото финале на турнирот во својата категорија играа против екипата на Шампионот на Босна и Херцеговина, станува збор за екипата на КК Баскет 2000 која доаѓа од Бања Лука. Во финалето црвено-црните надежи повторно блеснаа и дојдоа до убедлив триумф со “23 позитива“ во меч во кој целосно доминиравме триумфиравме на крајот со 79:56. Преодниот пехар заврши во рацете на нашиот капитен Дамјан Гачов.
Покрај ова имаме уште една позитивна вест од Нови Сад-Србија за најкорисен играч на турнирот во оваа генерација беше прогласен играч на КК Вардар М-15. Станува збор за младиот одличен кошаркар во нашите редови Михаел Наумоски.
Видеото кога црвено-црните момци го подигнаа големиот пехар и нивната радост може да го погледнете ТУКА!