Со натпреварите одиграни вчера комплетирани се двојките од 2.коло од ЕХФ Лигата на шампионите. Седум екипи имаа максимален учинок и меѓу нив се наоѓа европскиот шампион Вардар, како единствена екипа од групата А со две победи. Во квалитетните групи само Вардар, Веспрем и ПСЖ имат максимален ефект по две рунди. Вардар покажа во својата група дека е европски првак, следен предизвик е ППД Загреб на 1.октомври кога момците на Раул Гонзалес ќе одат на 3/3 во ЛШ и на осмата победа по ред оваа сезона во сите натпреварувања.
ЛШ – 2. КОЛО, ГРУПА А
РАЈН НЕКАР – ВИСЛА ПЛОЦК 31:27
ВАРДАР – НАНТ 27:23
ППД ЗАГРЕБ – ПИК СЕГЕД 23:28
БАРСЕЛОНА – КРИСТИЈАНШТАД 31:29
ТАБЕЛА:
1. Вардар 4 бода (+8),
2. Рајн Некар 3 (+4);
3. Барселона 3 (+2);
4. ПИК Сегед 2 (+1)
5. Нант 2 (0)
6.Кристијанштад 1 (-2)
7. ППД Загреб 1 (-4)
8. Висла 0 (-8)