Friday ,10 May 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Кошарка > Кошарка! Вардар М15 шампион на турнирот во Нови Сад, Наумоски прогласен за “МВП“ (ВИДЕО)
Кошарка! Вардар М15 шампион на турнирот во Нови Сад, Наумоски прогласен за “МВП“ (ВИДЕО)

Кошарка! Вардар М15 шампион на турнирот во Нови Сад, Наумоски прогласен за “МВП“ (ВИДЕО)

Младата вардарова кошаркарска селекција за момчиња до 15 години учествуваше на силен меѓународен турнир во Нови Сад-Србија. Тие одиграа одлично во елиминаците и дојдоа до полуфиналето на “Demsar Cup“ турнирот. По одличната партија и во полуфиналниот меч обезбедија натпревар за “злато“.

Тие во големото финале на турнирот во својата категорија  играа против екипата на Шампионот на Босна и Херцеговина, станува збор за екипата на КК Баскет 2000 која доаѓа од Бања Лука. Во финалето црвено-црните надежи повторно блеснаа и дојдоа до убедлив триумф со “23 позитива“ во меч во кој целосно доминиравме триумфиравме на крајот со 79:56. Преодниот пехар заврши во рацете на нашиот капитен Дамјан Гачов.

Дамјан Гачов со преодниот пехар!

Дамјан Гачов со преодниот пехар!

Покрај ова имаме уште една позитивна вест од Нови Сад-Србија за најкорисен играч на турнирот во оваа генерација беше прогласен играч на КК Вардар М-15. Станува збор за младиот одличен кошаркар во нашите редови Михаел Наумоски.

Наумоски прогласен за “МВП“

Михаел Наумоски прогласен за “МВП“

Видеото кога црвено-црните момци го подигнаа големиот пехар и нивната радост може да го погледнете ТУКА!