Македонскиот репрезентативец од редовите на БК Вардар, Магомедгаџи Нуров (-97 кг), освои бронзен медал на силниот Меѓународен турнир „Дмитри Коркин“ во Јакуцк во Русија. Со тоа уште еднаш покажа нашето момче и репрезентативецот на Македонија дека поседува квалитет.