Европскиот владетел, тимот на Вардар, сеуште е непоразен во новата сезона во Лигата на шампионите. По три одиграни рунди играчите на Вардар имаат исто толку победи. Овој викенд пред Вардар стои нов силен тест, овој пат во Унгарија против тимот на Пик Сегед.
Овој натпревар на овие два тима ќе биде одигран во сабота со почеток во 17-30 часот, на овој натпревар главни судии ќе бидат Андреј Гушко и Сергеј Репкин од Белорусија. ЕХФ делегат на овој меч ќе биде Јосип Посавец од Хрватска.