Tuesday ,22 April 2025
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Јуниор лига: ФК Вардар генер.2005- Мал Ајакс 3-4 (0-3)
Јуниор лига: ФК Вардар генер.2005- Мал Ајакс 3-4 (0-3)

Јуниор лига: ФК Вардар генер.2005- Мал Ајакс 3-4 (0-3)

Денес на терените на фудбалската Академија на ФК Вардар во градски парк се одигра првиот турнир во Јуниор фудбалската лига која е во организација на нашиот фудбалски клуб. Во натпреварот во генерација 2005 се сретна ФК Вардар генер.2005 предводен од Ане Андовски и екипата на ФК Мал Ајакс од Штип која е регионална школа во склоп на нашата Академија. Во овој дуел до победа дојдоа штипјани со резултат 4-3 (3-0).

b4

Дуелот почна со брз гол на екипата на Мал Ајах која по само 3.минути поведе со 1-0 на овој дуел. Нашите момци се обидоа да изедначат, две прилики за погодок имаше Горјан Цветков сепак не успеа да ја затресе мрежата на ривалот. По една контра штипјани успеаа да го удвојат водството и да поведат со 2-0 на мечот. Наумовски Стефан  се обиде со удар од дистанца сепак голманот исфрли во корна со крајни напори. Постојано бевме во атак, противникот исфрлаше доста често во корна, во првиот дел изведовме 12 удари од аголот. И кога не успеавме да реализираме дојде казна, по изведен корнер од десната страна со глава штипјани зголемија на 3-0. До крајот на првиот дел се обидоа да погодат Петар Пројковски и Горјан Цветков сепак не успеавме и на полувреме отидовме со негатива.

b2 b3

Вториот дел беше пресликан како и првиот постојано напаѓавме и неуспавме да погодиме, а Мал Ајах во контри се закануваше. Две прилики имавме за погодок најпрвин Стефан Ристевски се обиде до 15.метра, потоа Алексеј Стефановски шутна крај голот. Повторно по корна погодиа противниците, искорисувајчи ја висината на двајца нивни играчи кои доминираа во воздушните дуели, тие поведоа и со 4-0. Леонид Илиевски и покрај четирите примени гола на нашиот гол беше фантастичен, тој во првиот дел, а особено во вториот беше брилијантен. Конечно го “скршивме мразот“ со погодокот на Филип Радевски, намаливме на 1-4. Тоа ни даде крилја па за 30секунди потоа успеавме преку Пројковски Петар да намалиме и на 2-4. Следеше дриблерско шоу на Александар Калановски кој откако се ослободи од тројца чувари ефектно погоди за 3-4.  До крајот се обидувавме сепак не успеавме да погодиме и да извадиме реми на овој дуел во кој игравме со тим кој во своите редови имаше и неколку момци кои беа повозрасни.