Во главниот град на Чеченија (Руска федерација), Грозни се одржа екипен турнир со најголем награден фонд во историјата на борењето. На него учествуваше Нуров од Вардар како член на селекцијата на Европа.
Македонскиот репрезентатвивец и член на БК Вардар, Магомедгаџи Нуров (-97 кг) беше во составот на Европа го освои заслужено третото место. Претрпеа само еден пораз од финалистот Русија, сепак поделија парична награда од 25.000 долари.
ПЛАСМАН НА ТУРНИРОТ:
1.Ахмад – Чеченија
2. Русија
3. Европа
4. Белорусија
5. Узбекистан
6. Казахстан
7-8. Киргистан
7-8. Турција