Младата репрезентација на Македонија до 21. година ги одработува своите тренинзи пред натпреварот против селекцијата на Гибралтар. Избраниците на Благоја Милевски се подготвуваат на крајниот југ од Португалија за овој натпревар, условите се идеални.
Елиф Елмас и Никола Ѓоргев се приклучија на сениорската репрезентација за дуелот против Лихтенштајн, па така, дополнителен повик за овој натпревар доби играчот од средината на теренот на Вардар, Бесар Исени.
Гибралтар и Македонија ќе играат на 10. октомври со почеток од 17 часот.