Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Хамбарџумјан со нов настап за Ерменија
Хамбарџумјан со нов настап за Ерменија

Хамбарџумјан со нов настап за Ерменија

Вардаровиот фудбалер Ховханес Хамбарџумјан, запиша уште еден настап за својата репрезентација. Нашиот бек ги одигра и на овој натпревар сите 90. минути во нерешениот резултат против Казахстан во Астана 1:1. Ерменија уште одамна ги загуби својте шанси за пласман на СП во Русија.

Тигран Барсегјан на овој натпревар одмараше, односно не доби шанса за настап. Денеска уште тројца Вардарци можат да запишат нови настапи, а тоа се: Муслиу, Велковски и Џигаури. Поради мала повреда, Велковски е неизвесен за овој дуел.