Асиер Иљараменди, еден од главните фудбалери на Реал Сосиедад, на вчерашната прес – конференција даде пофални зборови за тимот на Вардар и рече дека неговиот тим ќе влезе максимално внимателно на дуелот. Поранешниот играч на Реал Мадрид е еден од главните мотори во играта на Сосиедад.
“Не очекува доста важен меч, на кој ќе одиме на победа. Не го гледаме Вардар како аутсајдер, домаќинот многу притиска кога топката е во посед на противникот. Македонскиот тим игра допадлив фудбал, но ние ќе излеземе на терен за да победиме. Ќе мора да внимаваме, затоа што ќе сакаат да победат и тие. Гарантирам добар натпревар за гледачите” – изјави Иљараменди.