Генерацијата “2003“ на ФК Вардар стигна до нова победа во рамките на регионалната-скопска лига, откако денес на теренот на Академијата ги совладаа врсниците од Милано. Конечниот резултат гласеше 4:0.
Тренерот Петрески стартуваше со следниве 11-сетмина: Стојковски, Трпезановски, Ѓорѓоски, Марковски, Сељанац, Давидовски (c), Стојановски, Младеновиќ, Јовановски, Петрушевски, Андрески.
Првиот обид кон голот на Милано го имаше Дарио Јовановски кој шутира покрај голот. Истиов играч успеа да го отвори резултатот на 1:0 откако биеше прецизно во аголот од десниот директ на Милано. Вардар имаше иницијатива на терен и контрола на играта.
Можеби немавме многу шанси, но тие што ни се пружија ги искористивме и ги претворивме во гол. До крајот на првиот дел, Вардар успева да го зголеми резултатот на 2:0, откако одличен гол постигна Влатко Стојановски. По првиот дел резултатот беше 2:0.
Во вториот дел беме многу поактивни каде покрај двата постигнати гола имавме уште неколку добри шанси за поубедлива победа. Вториот дел започна со удар на Младеновиќ, кој голманот на Милано успешно го одбрани. Целосна доминација на црвено-црните во овој дел од мечот, повторно прилика каде нафрли Младеновиќ, а Петрушевски шутира покрај голот. Се случија и првите две измени во нашите редови, од игра излегоа Младеновиќ и Јовановски, а влегоа Александро Прелоговски и Димче Мешковски.
Токму Мешковски се најде веднаш во шанса, но повторно голманот е на своето место. Поради мала повреда на која се пожаи Влатко Стојановски, беше принуден да ја напушти играта, додека на теренот влезе Петковски Бојан. Имаше шанса и стоперот кој на нафрлена топка од Марковски, со глава бие над голот. Во иста ситуација се најде и Петрушевски, но резултатот остана непроменет.
Во последните пет минути паднаа уште два гола и тоа двата дело на Лео Андрески. Од десната страна нафрли Мешковски кој го пронаоѓа Андрески, кој погодува за 3:0. Истиов играч во последната минута го зголемува резултатот на 4:0, по што судијата отсвири крај на мечот. Да одбележиме дека во игра влезе уште и Благоја Јаневски, на местото на Марковски. Конечниот резултат гласеше 4:0.
Поле првото коло во кое одигравме со нерешен резултат, оваа генерација на Вардар продолжува со победите во регионалната-скопска лига.