Сениорската екипа на Кошаркарскиот клуб Вардар оваа сезона по испаѓањето од елитата ќе се натпреварува во втората по квалитет кошаркарска конкуренција. Тие вчера со триумф го започна натпреварувањето во втората лига против екипата на Црн Дрим.
На овој натпревар од првото коло во сезоната 2017/2018 година на сите 12 играчи добија шанса од тренерот Кочов. Нашите момци од КК Вардар триумфираа со повеќе од двојно постигнати поени од својот ривал, победата беше изразена со 62 коша позитива. Црвено-црните момци триумфираа со резултат 118-59 на крајот.