Saturday ,21 September 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Гонзалес: На секој меч играме мотивирано, така ќе биде и утре против Кристијанштад
Гонзалес: На секој меч играме мотивирано, така ќе биде и утре против Кристијанштад

Гонзалес: На секој меч играме мотивирано, така ќе биде и утре против Кристијанштад

После пауза поради ЕХФ-неделата, утре Вардар ги продожува натпреварите во најголемото ракометно натпреварување. Црвено-црните веќе се наоѓаат во Шведска, каде утре од 18 часот гостуваат на екипата на Кристијанштад, во рамките на шесттото коло од најсилната група A. Противникот е добро познат за нашиот шампион, сокој имавме можност да играме и претходните сезони. Иако сме фаворити на овој натпревар против шампионот на Шведска, сепак тренерот на Вардар, Раул Гонзалес смета дека во ЛШ, нема лесни и тешки противници.

- Ние на секој меч играме мотивирано и се подготвуваме за она што нè очекува на теренот. Нема лесни и тешки противници во лигата на шампионите. Сѐќе зависи од нас, како ние ќе играме и ќе се поставиме. Кристијанштад е млада екипа, која секоја сезона игра сѐ подобро и добива и повеќе искуство од дуелите во Лигата на шампионите. Со овој натпревар почнува серијата од шест мечеви во месец ноември и сакаме успешно да го започнеме овој месец.