Вардарци се наоѓаат во Шведска, каде во моментов го имаат својот тренинг во арената каде утре ќе се одигра натпреварот со Кристијанштад, во рамките на шесттото коло од најсилната група А. На овој меч ќе играме без повредените Фереира и Милиќ. Вардар е лидер на табелата, додека противникот се наоѓа на последното место со само еден освоен бод.