Friday ,18 October 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-16 > “Петарда“ во мрежата на Ренова, пом.пионери на ФК Вардар стигнаа до својата деветта победа со која се зацврстија на врвот на табелата
“Петарда“ во мрежата на Ренова, пом.пионери на ФК Вардар стигнаа до својата деветта победа со која се зацврстија на врвот на табелата

“Петарда“ во мрежата на Ренова, пом.пионери на ФК Вардар стигнаа до својата деветта победа со која се зацврстија на врвот на табелата

Помладите пионери на ФК Вардар продолжуваат со добрите игри во првенството. Денес на теренот на академијата нашите млади надежи ја совладаа екипата на Ренова и стигнаа до својата деветта победа во лигата. Конечниот резултат на овој натпревар гласеше 5:0 и тоа сите погодоци беа постигнати во второто полувреме.

Тренерот Сашо Тодоровски стартуваше со следниве 11-сетмина: Станковски, Величковиќ, Крстевски, Петејчук, Асани, Хасани, Стојановски, Гугуљанов, Трајановски, Мирков, Омерагиќ.

На натпревар со две различни полувремиња, помладите пионери на крајот не дозволија изненадување и славеа нова убедлива победа, која беше вкупно деветта, а осма последователна. Во првите 40 минути за одбележување е шансата на Антонио Мирков, кој имаше можност да го отвори резултатот, но остана без реализација.

2

На стартот на вториот дел, тренерот Тодоровски направи две измени. Од игра излегоа Трајановски и Стојановски, додека на нивно место влегоа Речица и Салиу. Како нова екипа влезе Вардар во второто полувреме, каде покрај петте постигнати голови, имавме уште неколку добри шанси да го загрозиме голот на Тетовчани. Не ни требаше многу време во вториот дел, кога по еден продор од левата страна на Хасани Абдула кој се ослободи од еден противнички играч, ја нафрли топката во противничкиот шеснаесетник, која стигна до Фисник Салиу кој добро се снајде и штураше во долниот агол, за водство од 1:0 и голема радост на Вардарци.

1

Веднаш имавме прилика да го зголемиме резултатот, но ударот на Хасани заврши над голот. Гледавме борбена и цврста игра, а Ренова се обидуваше да пружи силен отпор и да одолее на нападите од црвено-црните. Сепак Вардар во второто полувреме беше многу надмоќен, а Ренова изгледа не можеше да го следи силното темпо на игра кое го наметна нашиот состав. Антонио Мирков се запишува во листата на стрелци и му носи предност на Вардар од 2:0.

3

Се распадна цела игра на противникот, кој беше длабоко повлечен на својата половина, а црвено-црните беа тие кои постојано го напаѓаа нивниот гол. Добра шанса имаше и Омерагиќ кој при една мешаница во противничкиот шеснаесетник биеше, но голманот со крајни напори го одбрани ударот. Одличен Вардар кој преку Атом Фазлиу кој беше доста активен на теренот, успева  да го зголеми резултатот на 3:0. По ова предност, тренерот Тодоровски направи четири измени во нашиот состав. Од игра излегоа Хасани, Мирков, Крстевски и Станковски, додека на теренот влегоа Симев, Стојковски, Пешовски и Величковски. И покрај високата предност, нашиот состав не запреа со нападите и продолжија да ја полнат мрежата на Ренова. Пред да биде постигнат четвртиот гол се обиде Фазлиу, кој шутира над голот.

4

Репрезентативецот, Анатолиј Петејчук е следниот играч кој се запиша во листата на стрелци и зголеми на 4:0, откако истрча од својата десната страна и шутираше силно во десниот горен агол од голманот на Ренова, кој само со поглед ја испрати топката во мрежата. Само по две минути од истото место, за својот втор гол денес погоди и Атом Фазлиу, за “петарда“ во мрежата на “гипсарите“ и конечен резултат од 5:0.Истиов играч можеше да постигне хет-трик доколку беше поумешен во завршниот удар, кога излезе сам со гостинскиот голман.

5

Одлична игра за помладите пионери кои со овој триумф се зацврстуваат на врвот на табелата во првенството. Во следното коло на домашен терен ја пречекуваме екипата на Работнички.