Нашиот атлетичар Марко Ивановски го освои 3-то место на вториот по ред “Велешки Полумаратон” кој се одржа заввчера во Градот Велес. Покрај место на пиедесталот вардарецот може да биде задоволен и со фактот што оствари со нов личен рекорд на делницата од 21км со време од 01:17;03 (претх.01:18;45 – Виена 2017).
На оваа трка втор беше Ненад Живковиќ од АРК Маратонац од Крушевац- Србија (01:14;18), додека победник беше Koкан Ајановски од НРЦ – Скопје (01:13;52). Нашиот рекреативец Влатко Јакимовски заврши на 25-то место со нов личен рекорд од 01:37;37, додека Владимир Ивановски заврши на 88-то место со време од 02:02;36.