Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Јаневски им даде слободен ден, момците вчера и денес одмараат
Јаневски им даде слободен ден, момците вчера и денес одмараат

Јаневски им даде слободен ден, момците вчера и денес одмараат

Густ распоред има вардаровите фудбалери во изминатиот период, исто така ги очекува згуснат распоред и во идниот па затоа  после настапот во првенството и победата над Скопје, добија два слободни дена. Следи репрезентативната пауза, идната недела ќе нема  дуели во ПМФЛ, па затоа   Чедомир Јаневски им даде малку одмор за играчите.

Одмор сепак ќе немаат Вардаровите играчи кои што ќе настапуваат за своите рапрезентаци. Дарко Велковски, Висар Муслиу и Бобан Николов се повикани за Македонија, Џамбул Џигаури за Грузија, Тигран Барсегјан и Ховханес Хамбарџумјан за селекцијата на Ерменија, додека за младата репрезентација ќе играат Петар Петковски и Бесар Исени. За селекцијата до 19 години на Македонија, од првиот тим на Вардар се повикани Филип Стојчевски, Тодор Тодороски и Бојан Колевски.  Останатите одмараа вчера  и денес, а во тренажен процес останатите Вардарови играчи се враќаат во среда каде што ќе продолжат да се подготвуваат за настапите во првенството каде ги чека дуел  против Ренова во Тетово во рамките од 15. коло.