Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Ален Ќосевски: Задоволни сме од прикажаната игра и постигнатите резултати на стартот од сезоната
Ален Ќосевски: Задоволни сме од прикажаната игра и постигнатите резултати на стартот од сезоната

Ален Ќосевски: Задоволни сме од прикажаната игра и постигнатите резултати на стартот од сезоната

Викдендов се одигра дербито во младинската ракометна лига, на кое се сретнаа екипите на Прилеп 2010 и Вардар. Поуспешни беа црвено-црните, кои славеа со резултат 32:36, иако според текот на натпреварот можевме да победиме многу поубедливо. На моменти имавме и двоцифрена разлика, а Прилеп постојано “бркаше“ негатива. Се на се одличен меч за избраниците на Чивлачки и Грчевски, кои во текот на сите 60 минути одиграа квалитетно и покажаа оваа сезона дека се претеденти за највисок пласман. Најефикасен во победата против Прилеп, беше крилото на Вардар, Ален Ќосевски кој постигна дури 10 голови. Тој за нашиот сајт ги сподели впечатоците од триумфот.

-Морам да напоменам дека одигравме борбено од почетокот, па се до крајот на мечот. Влеговме на овој дуел многу мотивирано, што резултираше со солидна предност уште по првите десет минути. Иако се обидуваше противникот да се доближи до нашата позитива, тешко им одеше а ние игравме се подобро. Во моментот кога направивме двоцифрена разлика, мислам дека беше јасно кој ќе ги освои бодовите на овој меч. Прилеп даде отпор, но ние функциониравме добро и во нападот и во одбраната.  Трениравме и се подготвуваме напорно за ова гостување во Прилеп.

Две победи по првите две одиграни кола за младинците на Вардар, за добар старт на сезоната.

-Задоволни сме од прикажаната игра и постигнатите резултати на стартот од сезоната. Имаме две победи против екипи кои се квалитетни и против кои нема да им биде лесно на другите екипи да освојуват бодови. Направивме добар тим, нашите тренери Чивлачки и Грчевски се максимално сконцентрирани на работата со нас и сите заедно очекуваме оваа сезона пласман на завршниот турнир. 

Звонко Ивановски