Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Белгискиот судија Барт Вертентен ќе му дели правда на Вардар во Санкт Петербург
Белгискиот судија Барт Вертентен  ќе му дели правда на Вардар во Санкт Петербург

Белгискиот судија Барт Вертентен ќе му дели правда на Вардар во Санкт Петербург

Белгискиот судија Барт Вертентен (29 год.) ќе му суди на македонскиот шампион Вардар на гостувањето в четврток во Санкт Петербург на руски Зенит. Истиот не е судија со “педигре“ досега има само искуство од  два меча во групната фаза во изминативе две сезони во Лига Европа. Зенит го пречекува ФК Вардар во мечот од 5.коло од ЛЕ во рамки на групата Л. Овој натпревар се игра во четврток од 19-00 часот

Вертентен досега во кариерата има судено на два дула во Лига Европа, минатата сезона  делел правда на мечот Интер – Спарта Прага  и сезонава на натпреварот  Динамо Киев – Скендербег .  На мечот во Санкт Петербург ќе му помагаат  Лоренс Висер и Брам Ван Дриесхе кои му се сонародниците. Помошници зад головите се Риен Ванизере и Тибо Нијсен.