Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Драгана Цвијиќ после три години пауза заигра за репрезентацијата на Србија
Драгана Цвијиќ после три години пауза заигра за репрезентацијата на Србија

Драгана Цвијиќ после три години пауза заигра за репрезентацијата на Србија

Ракометната репрезентација на Србија изминативе денови одигра два контролни натпревари со репрезентацијата на Словачка, како последни подготовки, пред стартот на светското првенство кое стартува на 1-ви декември во Германија. Натпреварите беа одиграни во Панчево и Ковилово, со една победа за Србија (26:24) и нерешен резултат (30:30). Во составот на Србија, за овие два контролни мечеви беше и пикерот на Вардар, Драгана Цвијиќ, која постигна три голови. Андреа Лекиќ ги пропушти натпреварите поради повреда и е под знак прашалник нејзиниот настап на мундијалот во Германија. Цвијиќ истакна дека најважно е репрезентацијата да се воигрува и дена не треба да се гледаат резултатите на овие контролни дуели. Не заборави да истакне дека е среќна што после три години повторно го облекува националниот дрес.

-Не треба да го гледаме резултатот, селекторот им даде шанса на сите играчи. Важно е да се подготвиме за првиот натпревар со Кина и што подобро да се воиграме. Се вратив во националната селекција после три години, но чуството е како првиот ден кога заиграв за Србија. Не можам да ги искажам своите емоции, преубаво е. Повредите се санирани, имам своја програма на тренинзи. Засега се е супер, најважно е да бидеме здрави пред почетокот на СП, а потоа одиме од натпревар на натпревар, истакна Цвијиќ.