Вардар вчера одигра натпревар од групната фаза од Лигата на Европа, на тој дуел Зенит ја оправда фаворитската улога, и го совлада нашиот тим на стадионот на Зенит во Санкт Петербург. Вардар губеше 2-0 по првите 45.минути, но одигра фантастично второ полувреме. Во 90+2.минута Дејан Блажевски успеа да погоди во голот на Зенит и да обезбеди минимален пораз од 2-1.
