Штербик реши пензијата да не ја дочека во Скопје, искусниот голман во следните две години ќе го брани голот на унгарскиот гигант, тој во интервју за официјалнот сајт на Веспрем зборува за неговата одлука. За тоа со која цел дошол во Вардар, како го оценува престојот тука и кои биле неговите размислувања за одлуката која ја донел.
Дојдов во Вардар со намера да станам подобар голман како што годините одминуваат. Желбата за победување е иста кај мене уште како во првиот ден кога почнав да се занимавам со ракометот. Тоа е тоа што ме одржува во форма постојано, а од Вардар заминувам како подобар голман. Имав неколку понуди, но не можев да го одбијам Веспрем. Клубот има највисоки амбиции и тоа беше важно за мене. Во Веспрем беше моето прво посериозно искуство и првото учество во Лигата на шампионите. Среќен сум секогаш, кога ќе се вратам во Веспрем, тука се чувствувам како дома и имам многу убави спомени. Средината е идеална за мене, имам многу пријатели тука и во блиската околина, исто така и мојата сопруга ќе биде поблиску до својот роден град. За нашите деца ќе биде подобро да растат и живеат во унгарското општество- вели унгарецот со српски и шпански пасош Штербик.