Вчера се играа натпревари од вториот ден на традиционалниот турнир “Караорман куп 2015“, на кој нашите малди генерации продолжија со настапите.
Фк Вардар генерација “2005“ вчера одиграа два натпревари, и на двата забележаа убедливи победи. Најпрво беа поуспешни од екипата на Фк Талент Битола совалдувајќи ги со 0:5. Со истиов резултат ги победија и своите врсници од Штип. Фк Постолов Пандев немаше никаква шанса во дуелот со нашите момчиња(0:5) и ги снајде истата судбина како и претходниот противник. Со овие дуели, оваа генерација ги заврши настапите во групата со максимален учинок. На табелата го заземаа првото место, со вкупно 9 освоени бодови. Во првото коло, бевме подобри од екипата на Дрита од Боговиње(0:3). Гол разликата е импресивна за овие момчиња, без примен погодок а дадени 13. Генерација “2005“ директно се пласираше во полуфиналето, кое е на програмата во недела.
Фк Вардар генерација “2003“ по воведната победа против Професионал Скопје(0:8), забележа уште еден триумф и еден нерешен резултат. Најпрво ремизираа со екипата на Фк Талент од Битола(1:1). Во последното коло од групата Вардаровите момчиња беа убедливи против Фк Вардар од Брвеница(Тетово), совладувајќи ги со високи 8:1. Во групата го освоија второто место, со вкупно 7 освоени боови и гол разлика 17:2. Исто и оваа генерација се пласираше во полуфиналните дуели.