Tuesday ,22 April 2025
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Стигна и официјална потврда: Итало и Џигаури заминаа од Вардар!
Стигна и официјална потврда: Итало и Џигаури заминаа од Вардар!

Стигна и официјална потврда: Итало и Џигаури заминаа од Вардар!

Стигна и официјална потврда од ФК Вардар за заминувањето на двајцата интернационалци од тимот на црвено – црните. Соработката е прекината со играчот од Грузија, Џаумбул Џигаури и со напаѓачот од Бразил, Итало.

Џамбул Џигаури по една година во Вардар, одигра 40. натпревари и постина пет голови, овој играч ќе го пaметиме по голот кој му го даде на Фенербахче во Турција во големата историска победа.

Итало пак, дојде во Вардар на почетокот на оваа сезона, одигра 17. натпревари и постигна само четири гола, три во ПМФЛ и еден во Лигата на Европа, оној против Розенборг во Скопје.

Им посакуваме среќа во понатамошната кариера и на двајцата.