Фудбалскиот клуб Вардар ја одбележува последната недела од годината која полека изминува. Инаку според последната ранг листа на Европската фудбалска асицијација (УЕФА), Вардар бил клубот кој имал највисок скок ранг, односно од 299 место, годината Вардар ќе ја заврши на 237 позиција. Тоа е скалило погоре за 62 позиции, што го прави нашиот шампион лидер во однос на сите Европски екипи за претходната недела.
Првото место е за Актуелниот Европски и светски шампион екипата на Реал Мадрид, додека втора е Барселона, а потоа следат екипите на Баерн Минхен, Атлетико Мадрид, Јувентус, ПСЖ, Севиља, Манчестер Сити, Борусија Дортмунд и Бенфика.
Инаку Вардар е очекувано и најдобро рангиран македонски клуб, пред екипите на Шкендија и Работнички. Ова е големо достигнување на црвено-црните, кое се должи пред се на пласманот во групната фаза од Лигата на Европа.