Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Преглед на есенскиот дел за сите три екипи на Вардаровата генерација “2007“ ,во есенскиот дел од детската лига
Преглед на есенскиот дел за сите три екипи на Вардаровата генерација “2007“ ,во есенскиот дел од детската лига

Преглед на есенскиот дел за сите три екипи на Вардаровата генерација “2007“ ,во есенскиот дел од детската лига

Шампионската генерација “2007“ година на ФК Вардар која две сезони по ред го освојува првото место во детската лига, оваа сезона го финишираше есенскиот дел. Повратникот во оваа генерација, тренерот Томче Трајановски се реши во оваа натпреварувачка сезона да се натпреварува со три екипи, Вардар (1), Вардар (2) и Вардар (3) кој игра во повозрасната категорија, екипи кои ги сочинуваат играчи генерациски родени “2006“ година. Со оглед дека немаме многу посериозни противници во оваа генерација, тренерот на Вардар, Трајановски се реши на овој потег што е за поздравување со оглед дека нашите момчиња имаат можност за поголем напредок и надигрување со повозрасни момчиња.

jj3-660x330

Вардар (1) одигра вкупно 9 натпревари, на кои забележа седум победи, два порази и ниеден нерешен резултат. Постигнавме вкупно 64 голови додека примивме 16 погодоци. Тренерот на Вардар често ги ротираше и менуваше составите, а главен акцент се ставаше на играта на Вардар (3). Ова се сите постигнати резултати на Вардар (1) во есенскиот дел од сезоната:

1 коло: Вардар – Хет-Трик 6:1

2 коло: Вардар – Албарса 1:3

3 коло: Вардар – Фамо 5:1

4 коло: Вардар – Фортуна 6:1

5 коло: Вардар – Сарај 4:5

6 коло: Вардар – Викторија 5:3

7 коло: Вардар – Скупи 14:0

8 коло: Вардар – Фаст 14:1

9 коло: Вардар – Македонија Ѓ.П 9:1

23434930_10210740181042833_8692407098655190572_n-660x3301-660x330

Вардар (2) одигра вкупно 8 натпревари, на кои имаше седум победи, без нерешен резултат и само еден пораз. Оваа екипа постигна вкупно 51 гол, додека исто така прими 16 голови, како и “братскиот“ Вардар (1). Ова се сите остварени резултати на Вардар (2)

1 коло: Вардар – Милано 7:3

2 коло: Вардар – Металург 9:1

3 коло: Вардар – Шкупи 9:2

4 коло: Вардар – Чаир 3:0 ( службено)

5 коло: Вардар – Албион 3:5

6 коло:  Вардар – Спорт Ефе 8:2

7 коло: Вардар – Кул (2) 8:2

9 коло: Вардар – Гоблен 4:1

Вардар (3)  кој напоменавме дека се натпреварува во повозрасната генерација “2006“ имаше одлична полусезона, справувајќи се со повозрасните екипите. Тие го завршија есенскиот дел од сезоната со максимален број на освоени бодови, со вкупно седум победи од исто толку мечеви. Постигнаа вкупно 36 голови, додека примија само 9. Сите постигнати резултати на Вардар (3) во полусезоната на детската лига:

1 коло: Вардар – Њу Старс 3:1

2 коло: Вардар – Албарса 8:1

3. Вардар – Скупи 5:2

4 коло: Вардар – Сарај 6:1

5 коло: Вардар – Драчево 4:2

6 коло: Вардар – Виктори 6:0

7 коло: Вардар – Форца 4:2

Што се однесува до листата на најдобрите стрелци во оваа вардарова генерација, врвот го делат двајца играчи кои постигнаа ист број на голови. Се работи за Стефан Младеновски и Александар Грашески кои имаат по 17 погодоци. Ова се сите играчи кои успеаа да се запишат во листата на стрелци во есенскиот дел:

Стефан Младеновски

Стефан Младеновски

1. Стефан Младеновски и Александар Грашески по 17 голови

2. Војо Стојановски 14

3. Драган Лебариќ 10

4. Емир Шабатоќ и Иван Стојановиќ по 9

5. Никола Јовановски 8

6. Филип Кузаревски 6

7. Милош Спасовски 7

8. Борјан Томовски, Марко Киш, Марко Крстевски по 6

9. Лео Манчев 4

10. Златко Радески 3

11. Лука Јаневски, Даниел Исајловски, Матеј Киш, Лука Атанасовски, Михаил Крстевски, Алексеј Ивановски по 2

12. Петар Котевски, Симон Шиков, Младен Тарчуловски по 1 гол.

Александар Грашески

Александар Грашески

Овие момци ги бранат боите на Вардаровата генерација “2007“ во оваа натпреварувачка сезона: Лука Јаневски, Јовица Спасовски, Даниел Исајловски ( голмани), Милош Спасовски, Лука Атанасовски, Марко Киш, Петар Мицевски, Александар Грашески, Стефан Младеновски, Борјан Томовски, Емир Шаботиќ, Марко Крстевски, Златко Радески, Димитар Фидановски, Никола Јовановски, Драган Лебариќ, Кристијан Јаковчевски, Михаил Јорданоски, Алексеј Ивановски, Михаил Крстевски, Лео Манчев, Војо Стојановски, Петар Котевски, Филип Кузаревски, Младен Тарчуловски, Иван Стојановиќ, Симон Шиков, Матеј Киш.