Вардар ја договори и третата пријателска средба на подготовките во Анталија. По Ботев и Дукла Прага, црвено – црните ќе ги одмерат силите со уште еден бугарски прволигаш, станува збор за тимот на Берое.
Дуелот на Вардар и Берое ќе биде одигран на 23-ти јануари. Тимот на Берое на пауза во бугарскиот шампионат замина како четвртопласиран пред другиот противник на Вардар, тимот на Ботев.
Покрај овие три дуели, Вардар во Анталија ќе одигра уште два натпревари.