Бобан Николов и Дарко Велковски покрај добри играчи се покажуваат и како големи хумани луѓе. Тие заедно го посетија малиот малиот Јане Велковски од Македонија, кој боледува од спинална мускулна атрофија. УЕФА сними спот за него, а еден од најдобрите и најскапи фудбалери во светот и ѕвезда на Манчестер Јунајтед, Пол Погба, му упати покана да се сретнат и да го гледа Манчестер Јунајтед во живо. Малиот Јане живее за фудбалот, иако е врзан за количка, а со својата приказна го обиколи светот и го привлече вниманието на најголемите фудбалски ѕвезди.
Малиот Јане е многу ведро и позитивно дете кој верува дека неговите желби еден ден ќе станат реалност, а сигурно дека присуството на Николов и Велковски му дале уште поголема позитивна енергија во остварување на неговите цели. Николов на својот фб профил напиша: “Некои работи не се купуваат со пари, да му ја исполниме желбата на Јане да игра фудбал.