Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > Останати спортови > (Видео) Мохамедгаџи Нуров храбро се бореше на С.П во Париз, што беше една од препораките за “олимписка стипендија“
(Видео) Мохамедгаџи Нуров храбро се бореше на С.П во Париз, што беше една од препораките  за “олимписка стипендија“

(Видео) Мохамедгаџи Нуров храбро се бореше на С.П во Париз, што беше една од препораките за “олимписка стипендија“

Вардарецот,  Нуров  имаше речиси одлична 2017 година. Тој во составот на Европа го освои 3-то место на најбогатиот турнир во историјата на борењето во Грозни, Чеченија. Претходно беше  “бронзен“ на турнирот „Дмитри Коркин“ во Русија. Учестуваше на СП во Париз, на ЕП   настапи  на турнирот  „Али Алиев“ во Русија и серија други места каде покажа квалитет. Сето тоа беше забележано од Македонскиот олимписки комитет кој му додели “олимписка стипендија“.

Bо категоријата до 97 килограми на Светското првенство во борење слободен стил во Париз, нашиот репрезентативец, вардарецот Мохамедгаџи Нуров откако славеше во квалификациите со технички туш 10-0 против Естонецот Каасик во осминафиналето се сретна со Азербејџанецот, Асланбек Алборов. Нуров воопшто не разочара против фаворитот, кој на крајот го освои бронзениот медал. Напротив, немаше среќа, бидејќи борбата заврши нерешено 3-3, а Азербејџанецот отиде понатаму поради тоа што последен освои поен. Нуров може да жали,бидејќи водеше со 2-0 и 3-1. Тој е десетопласиран во вкупниот пласман. Видео од оваа прекрасна борба ви носиме во продолжение.