Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Гонзалес: Ја почитувам земјата во која работам, затоа и го научив македонскиот јазик
Гонзалес: Ја почитувам земјата во која работам, затоа и го научив македонскиот јазик

Гонзалес: Ја почитувам земјата во која работам, затоа и го научив македонскиот јазик

Најдобриот тренер за 2017 година и предводник на Вардар и Македонската репрезентација, Раул Гонзалес беше гостин во отвореното студио на ЕХФ, во кое зборуваше за очекувањата од ЕП во Хрватска кое стартува денес. Својот прв натревар, Македонија го игра во текот на утрешниот ден, а противник ќе ни биде селекцијата на Словенија.

-Мислам дека ако сакаме да ја минеме групата треба да се фокусираме на првиот меч со Словенија, одличен тим кој е воден од одличен тренер. Имаат многу добри ракометари. Прво да го одиграме тој натпревар, да видиме како ќе заврши, па, ќе мислиме на останатите средби. Размислуваме за ова ЕП како тим, така треба и да играме. Силни сме кога сме заедно. На пример кога ќе имаме добра одбрана, кога ќе имаме успешни контри, кога ќе имаме расположен голман.

На прашањето како се случи да дојде во Вардар и дали беше тешко да се научи македонскиот јазик.

-Бев асистент на Талант Душебаев, работевме во ист тим. Потоа, ми се јави претседателот на Вардар, Сергеј Самсоненко, ме повика да дојдам и си реков зошто да не одам таму? Дојдов и почнав со работа. За јазикот, зборувам македонски, вложив многу да го научам затоа што околу мене има луѓе од Балканот со кои може да се разберам на овој јазик. Воедно ја почитувам и земјата во која што сум, затоа решив да научам.

Како го гледаат луѓето во Македонија и како реагираат кога ќе го видат на улица.

-Во Македонија ракометот е спорт број еден. Луѓето го сакаат и разбираат ракометот. Кога ќе те видат на улица, те застануваат, се сликаат и разговараат со тебе за натпреварите. Знаат што се случило на последниот меч. Сите уживаат во ракометот. Голот на Чупиќ, ни се даде шанса да победиме и – победивме. Играчите одиграа најдобро што знаат.