Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Идниот викенд на програмата четврто издание на зимски турнир „Еден живот, една љубов“
Идниот викенд на програмата четврто издание на  зимски турнир „Еден живот, една љубов“

Идниот викенд на програмата четврто издание на зимски турнир „Еден живот, една љубов“

Зимскиот турнир на Вардар „Еден живот, една љубов”, прераснува во традиција.  Идната недела истиот  се одржува по четврти пат од формирањето на Ракометната академија Вардар. После три одлични турнира, следи  ново издание и нови таленти, кои годинава ќе се натпреваруваат во старосните категории 2002/03, 2004/05, 2006/07 и деца родени 2008 и помали.

Годинава на турнирот ќе учествуваат 57 екипи од школите кои се дел од Академијата, односно над 400 деца ќе од 16 јануари до 28 јануари ќе се вклучат на турнирот. Според координаторот на Ракометната академија Вардар, Марија Папуџиева годинава во секоја категорија ќе се прогласи најдобра седморка.

Изборот на седумте најдобри играчи во секоја категорија ќе се прави според добиените гласовите од тренерите. Односно, секој тренер ќе гласа за седум играчи кои се натпреваруваат во категоријата каде и тој води тим. Како и вообичаено, на трибите ќе присуствуваат и тренери на селекциите на Вардар, кои го следат напредокот на играчите и кои можеме да ги забележиме и на натпреварите во Вардар Јуниор лигата- вели Папуџиева.

papu

Во категоријата 2002/03 годинава екипите ќе се натпреваруваат само во машка конкуренција, а натпреварите се закажани за 20 и 21 јануари во СЦ Кале.

* Билтен со распоред за натпреварите во категорија 2002/03: turnir_2018_2002_03_mashki.docx

Во старосните категории 2004/05 и 2006/07 ќе се натпреваруваат во машка и во женска конкуренција.

Според распоредот натпреварите за момчињата и девојките од 2004/05 годиште ќе се одржат на 16 и 17 јануари, и тоа годинава за првпат играме во сала во населба Илинден во Скопје. Односно, во СЦ Кале ќе ги видиме машките екипи, а девојките ќе се натпреваруваат во салата на СЦ „Гоце Делчев” во Илинден.

* Билтен со распоред за натпреварите во категоријата 2004/05 машки: turnir_2018_2004_05_mashki.docx
* Билтен со распоред за натпреварите во категоријата 2004/05 женски: turnir_2018_2004_05_zheni.docx

Натпреварите во категоријата 2006/07 во машка и женска конкуренција се закажани на 27 и 28 јануари, но за нив дополнително ќе објавиме податоци. Додека за најмладите играчи, родени 2008 и помали, кои ќе се натпреваруваат во мешани тимови, натпреварите се закажани на 27 и 28 јануари, но дополнително ќе информираме за местото каде ќе се игра.