Една слика многу приказни, сеќавања, емоции и чувства. Така може да се каже за фотографијата на Карате клубот Вардар од Скопје од 1981 година кога клубот учествува во штотуку формираната Прва карате лига на Југославија.
Фотографијата е направена пред првите борби во салата на Работнички кога Вардар има две борби со клубови од Србија, притоа забележува победа и нерешен резултат.
Во составот на Вардар се: Раде Доневиќ, легендарниот Димче Кичевски – Словенец, Димче Савевски, Назим Куртовиќ, Живко Дракуловски, Жарко Костовски… Во 1982 година на оваа екипа се приклучува и Мирче Опеловски за борбите во Белград во квалификациите за влез во Првата лига, бидејќи претходната година Вардар испаѓа од Лигата.
Вардар и Работнички биле многу силни клубови во тоа време, противниците на Вардар по 3-то коло во Првата лига почнале да се плашат од скопскиот прволигаш.
Подоцна на составот на Вардар се приклучуваат и извинредните Стојче Ангеловски и Трајан Трајановски – Крцко и освоиле се што може да се освои, а во 1983 година се трети во Југославија.
Извор - http://ipon.mk/