Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Вардар заврши со домашните играчи, сега мисли на странски засилувања
Вардар заврши со домашните играчи, сега мисли на странски засилувања

Вардар заврши со домашните играчи, сега мисли на странски засилувања

Тимот на Вардар во вторник заминува на подготовки надвор од нашата земја. Црвено – црните на зимските подготовки во Турција ќе добијат значителен квалитет.

Покрај враќањето на Фелипе во тимот, со него ќе пристигне и првото засилување од странство. Јаго Силва е договорен и се очекува најдоцна до среда да и се приклучи на новата екипа. Покрај Фелипе и Силва, во Анталија е сигурно дека ќе пристигнат и двајца млади играчи на проба.

26694612_1703348809722370_231723854_n-660x330

Сеуште не е познато точно за кои две имиња станува збор. Управата на Вардар има интезивни преговори со Басеј од Нигерија кој ни потврди дека преговара со Вардар но не открива дали ќе ја прифати понудата на нашиот тим да дојде најпрвин на проба и да се докаже.

Oстанува да видиме во следните неколку денови со кои двајца играчи ќе се договори Вардар да дојдат на проба.

cddsasda