Хрватска ја победи Србија на првиот натпреварувачки ден на Европското првенство. Хрватска ја оправда фаворитската улога и ги запиша првите бодови.
Натпреварот со гол го отвори играчот на Вардар, Иван Чупиќ кој погоди од ударот од седум метри за почетно водство од 1:0. Зголеми Хрватска на 2:0, но Србија успева да постигне два гола во серија и да го израмни резултатот на 2:2. Прв гол на мечот постигнува и Лука Циндриќ за нова предност на домашната репрезентација. Србија немаше расположен голман, кој во текот на целото прво полувреме имаше само една единствена одбрана, што го отсликува и резултатот по истекот на првите 30 минути. Дури во 12 минута Цупара ја имаше првата интервенција и на таа остана до крајот на првото полувреме. Затоа Хрватска го имаше расположениот играч на Вардар, Циндриќ кој за прв пат на мечот и донесе водство на својата селекција од највисоки три гола (6:3). Србија пружаше силен отпор се до 25 минута кога и успева да стигне до само еден гол негатива, кога погоди поранешен играч на Вардар, Марковиќ за резултат 10:9. Во тие моменти Лино Червар повика тајмаут, што се покажа како добар потег со оглед дека до крајот на првиот дел, Хрватска направи серија од 4:0 и успева на одмор да замине со солидна предност од 14:9.
Второто полувреме започна идентично како и првото со гол на Чупиќ и тоа повторно од истото место. за веќе предност од 15:9. Играчите на Вардар демонстрираат одлична игра и со четвртиот гол на Циндриќ од исто толку обиди се враќа позитивата од шест голови разлика. Прв гол во дресот на Хрватска на ЕП и за Игор Карачиќ, кој добива шанса да игра во нападот. И во следните десет минути, избраниците на Червар одржуваа предност која се движеше од 5-6 голови разлика. Понесени од домашната публика, Штрлек им го носи највисокото водство од 25:18 во 50 минута од мечот. Голманите на Србија беа непрознатливи и може да се каже најслаба точка на нивната селекција на овој дуел. За цели 55 минути тие имаа само три одбрани, што е малку за еден ваков натпревар на ЕП. Во листата на стрелци кај Србија успеа да се запише и пикерот на Вардар, Мијајло Марсениќ кој го намали резултататот на 29:22. На крајот конечниот резултат гласеше 32:22.
Од играчите на Вардар, Циндриќ постигна четири голови, додека по два беа дело на Карачиќ и Чупиќ. Кај Србија Марсениќ беше стрелец на еден гол