Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Стоилов и Поповски во составот на Македонија, за денешниот дуел со Словенија
Стоилов и Поповски во составот на Македонија, за денешниот дуел со Словенија

Стоилов и Поповски во составот на Македонија, за денешниот дуел со Словенија

Вечерва со почеток од 19:30 часот Македонската ракометна репрезентација го игра првиот натпревар на ЕП во Хрватска. Противник за нашите момци ќе биде селекцијата на Словенија. Селекторот на Македонија и тренер на Вардар, Раул Гонзалез го објави списокот на ракометари кои вечерва ќе добијат шанса за настап. На истиот се најдоа и двајцата единствени играчи од редовите на Вардар, се работи за Стојанче Стоилов и Мартин Поповски. Од список за овој дуел отпаднаа Даскаловски, Ојлевски и Велко Марковски.

Очекуваме добра игра на нашата репрезентација и секако победа, што би било одличен старт на Македонија, на ова ЕП.